Македонија

ДА НЕ СЕ ИСТУРА КОМИЊЕ ВО ШАХТИ ОТИ СЕ ПРАВАТ ДЕФЕКТИ, АПЕЛИРААТ ОД КАВАДАРЕЧКИ „КОМУНАЛЕЦ”

Да не се истура комиње во шахти оти се прават дефекти, апелираат од кавадаречки „Комуналец”. Оттаму нагласуваат дека несовесни истураат комиње како отпад по печење ракија, во канализација, за што сведочи променетата боја во реката Луда Мара.

-Граѓаните кои варат ракија, отпадот (комињето) да го фрлаат исклучиво во контејнерите од 5м3 кои се поставени на повеќе локации во градот. Исто така, се замолуваат комињето да не го исфрлаат за време на викендот (петок навечер, сабота и недела сабајле). Доколку имаат потреба од исфрлање, да го депонираат директно на депонијата. Исфрлањето на комиње на депонијата е бесплатно. Со личното депонирање на комињето на депонијата, овозможуваат да не дојде до преполнување на самите контејнери, помагаат при депонирањето на ЈП Комуналец, а и го заштитуваат населението од непријатната миризба, додаваат од комуналното претпријатие.

Оттаму велат дека им се на располагање на кавадарчани, за каков било комунален проблем.

– Се надеваме дека заедно ќе придонесеме кон почиста и поздрава животна средина и дека оваа есен културата за депонирање на отпад и чистотата ќе ја издигнеме на повисоко ниво.

-Уште еднаш напоменуваме да не го фрлате комињето во контејнери од 1М3 или во другите контејнери, кои се наменети за рециклирање на отпад, велат од „Комуналец”

Тагови

Поврзани вести