Македонија

Дали ќе се гради пристаниште кај Студенчишко блато во Охрид?

Што е направено до сега за Охридското езеро да не добие статус на загрозено светско културно и природно богатство. Помина една година од одржувањето на Советот на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО при што беа дадени уште две години рок за зачувување на статусот. Оттогаш до сега отстранети се само неколку платформи околу Охридското езеро а уривањето на платформите и отстранувањето на узурпаторите на плажите се одвива бавно.

Местото каде се предвидува пристаништето е токму овој дел кој е доста фреквентен во текот на летната сезона и ги прекршува препораките на УНЕСКО токму за пристаништето, нешто што е дефинирано во извештајот за 2020.

Во Студенчишко блато кое се наоѓа овде во Охрид, општина Охрид предвиде дека во стратегијата за туризам од 2020 до 2025 овде ќе се гради пристаниште, но од Комисијата на УНЕСКО во 2020 се вели на ова место да не се гради никакво пристаниште и ова место да не се узурпира.

 

Тагови

Поврзани вести