Живот
Дали со уништување на природата ја предизвикавме пандемијата со коронавирусот?

Пандемијата со коронавирусот можеби е само прва во низата на заразни болести кои ќе се појават со уништувањето на природата од страна на луѓето.
Пред само неколку векови, беше познато дека прашумите се недопрена природа и дека изобилуваат со егзотичен животински и растителен свет, но потоа суровите компании почнаа да ги уништуваат за да произведуваат палмино масло.
Многу научници сметаат дека за појава на заразните болести како што е Covid-19, виновен е човекот и неговото константно уништување на животната средина. Една од новите научни дисциплини се занимава со оваа појава и се нарекува планетарно здравје. Целта е да се истражи односот помеѓу луѓето и другите видови во екосистемот.
Вистинска опасност е сечата на шумите, трговија со диви животински видови со што се реметат екосистемите, а со самото тоа се ослободуваат и вируси кои за нов домаќин го бираат човекот, пишува The Guardian.
Научниците веруваат дека во пораст се болести кои потекнуваат од животните. Примери се ебола, SARS, птичји грип и Covid-19. Патогените се пренесуваат од животно на човек и се шират брзо, а се претпоставува дека дури три четвртини од сите нови заразни болести кај луѓето водат потекло од некое животно.
Колерата и беснилото се појавиле пред многу децении, а другите во минатите децении. На пример, Covid-19 за првпат се појави пред неколку месеци. Во 20-тиот и 21-от век сме сведоци на зарази како што се грозница Ласа, вирусот Нипа, вирусот на Западен Нил, Зика вирусот и SARS. Сите овие вируси се пренесени од животни на луѓе и се закана за нашето здравје, безбедност и економија на глобално ниво.
Заканата не е самата природа, туку однесувањето на човекот.
Научниците често грешат кога ќе кажат дека екосистемите се закана сами по себеси. Тоа не е точно. Во природата лежи опасноста, но штетата ѝ ја причинуваат луѓето.
Извор на заразни болести е и трговијата со месо од диви животни. Covid-19 настана како последица од оваа дејност. Затоа, маркетите во Вухан се затворени од страна на властите, а Пекинг забрани трговија со диви животни, освен риби и морски плодови.
Но, научниците сметаат дека решението на овој проблем лежи во образованието и кревање на свеста кај луѓето. Тие мора да сфатат дека ситуацијата се промени и дека луѓето треба да се однесуваат многу поодговорно за да не ни се случи уште некоја полоша пандемија.
Се чини дека природата и животните сакаат да нè научат на една голема лекција.