Македонија
Дали приватизацијата на брзата помош води кон целосна приватизација на здравството?
Ќе заврши ли Законот за здравствена заштита како т.н. реформски концепт и дигитализацијата? Тие беа напишани без консултација на експерти, родители, наставници, потоа заради притисокот на јавноста, беа ставени и на дебата во Собрание. Дојдоа многу познавачи, претставници на родителите, наставниците, историчарите – речиси сите беа против промените што министерката за образование Мила Царовска инсистираше да ги спроведе. Но ниедно од забелешките на дебата своевремено не беа прифатени и, и покрај притисокот на јавноста, се се изгласа, донесе, спроведе на дело.
Оттука јавноста се сомнева дека и во случајот со Законот за здравствена заштита ќе биде исто. Иако македонската опозиција, особено „Левица“ се обидува со поднесување на 1.200 амандамни, да го спречи носењето на истиот. Според нив, Законот се форсира по скратена постапка за приватизација на брзата помош, а со тоа да се офајдат малкумина луѓе во и блиски на власта. Последно, вчера попладне расправата беше прекината во Комисијата за здравство, а најавата вели дека следниот петок ќе се одржи јавна расправа со лекарската фела и други стручни лица.
-Комисијата за здравство ја одложи расправта за штетниот Закон за здравствена заштита, против кој Левица поднесе над 1.200 амандмани. Ваков круцијален закон не смее да помине без јавна расправа од стручната лекарска фела. Пратениците на Левица, под никакви околности, нема да дозволат приватизација на Брзата помош, вели претседателот на „Левица“, Димитар Апасиев.
Останува да видиме дали јавната расправа за овој закон ќе вроди плод, или пак ќе биде само статистика, како онаа за образованието – што требаше да изгледа демократски но власта не ја послуша.
ВМРО-ДПМНЕ: Владата сака да ја приватизира итната помош за ќар на поединци
„Апсурдни се тезите на СДСМ дека тоа ќе биде само во реони кај што нема итна помош. Ако на приватен стопанственик му се исплати да купи возила, да вработи и плаќа лекари, даноци и да има профит, тогаш зошто државата не го направи истото, и наместо профит, парите од истиот ќе завршат за поголеми плати.
Заев и Ковачевски не можат да ја убедат јавноста дека за државата не е исплатливо отворање на итна помош каде што ја нема, но затоа ќе биде исплатливо за приватен инвеститор.
Наместо да гледаат да го наполнат џебот на лице блиско до Заев и Ковачевски, од СДСМ да го повлечат законот, зошто профитот за кој се пазарат не е од парите на Заев и Ковачевски, туку од буџетот на народот“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ