Вести
Дали има балкански рис во Преспа?
Цицачите и луѓето со векови живеат едни покрај други. Некои од нив ни се познати, додека пак, други се потаинствени. Тие ја населуваат дивината која не опкружува и играат значајни улоги во еко системите и мрежите на исхрана.
Најчесто цицачите остануваат незабележани, движејќи се во доцните ноќни часови. Така, тие ни се чинат таинствени, но што ако имаме прозорец кон нивниот свет, што би можеле да научиме од овие интересни суштества?
Од Македонското еколошко друштво (МЕД) се прашуваат: Дали има балкански рис во Преспа?
– Единствениот скорешен податок доаѓа од Пелистер од 2013 година, но сè уште не знаеме дали тој е наш локалец или бил само на поминување. Во последните две години макотрпно се трудиме да го одговориме ова прашање, но и да дознаеме што повеќе за сите други таинствени цицачи од Преспа и нивните улоги во околните екосистеми – велат од МЕД.
ПреспаНет ги проучува цицачите од Преспа со помош на фото замки кои најпрво ќе ни покажат кои видови се присутни во регионот.
– Истражувањата веќе не поврзаа во овој „таен“ дел од светот кој не опкружува. Во меѓувреме за изучуваме и исхраната на мечките во регионот и спроведуваме генетска студија која ќе ни даде претстава за бројноста на мечките во Преспа. Резултатите ќе ни помогнат да ги разбереме навиките и движењата на мечката во текот на годината. Дополнително, партнерите спроведуваат прашалници меѓу фармерите за нивната перцепција во однос на штети предизвикани од крупните цицачи во сите три држави. Групите волонтери се тренирани за независно да вршат редовни проверки на материјалот снимен од фото замките. Тие придонесуваат во истражувањата за исхраната на мечките во соработка со студенти кои ги анализираат податоците – се вели во краткото видео на ПреспаНет подготвено како дел од тригодишниот проект „Прекугранична заштита на регионот Преспа преку заеднички партнерски акции на ПреспаНет“.