Живот
Дали е потребна дезинфекција на сите купени производи? Еве неколку совети за сигурно купување
Моментално нема доказ дека коронавирусот се пренесува преку прехранбените производи. Најголемиот ризик при купувањето на намирници може да биде мешањето со други луѓе во ист простор, смета Donald Schaffner, микробиолог и стручњак за сигурност на прехранбени производни намирници.
Дали е потребно купените намирници да ги чувате на страна 3 дена?
Дали навистина ќе ги чувате млекото, сладоледот и свежото месо надвор од дома три дена? Ваквата постапка би можела да влијае на безбедноста на храната, вели Schaffner. Предлогот звучи како рецепт за катастрофа или во најмала рака расипана храна.
Добро е да се знае дека вирусот полека се деактивира и максимум може да опстане до 8 часа на собна температура.