Свет
Дали Британија е на работ од граѓанска војна?
Насилните протести и немири против организираното носење на миграмнти во Британија продолжи и синоќа. Нападнати се полицајците во Белфаст, Дарлингтон и Плимут, јавува Би-Би-Си. Шест лица се уапсени во Плимут, неколку полицајци се полесно повредени, соопшти полицијата. Во јужен Белфаст, демонстрантите фрлаа камења и молотови коктели врз интервентната полиција.
Аксел Муганва Рудакубана, од Бенкс, Ланкашир, е обвинет за три убиства, десет обиди за убиства и поседување кујнски нож користен за извршување на убиствата. 17-годишното момче е родено во Кардиф од родители од Руанда. Тој се пресели во областа Саутпорт во 2013 година. Ова беше иницијајна пичина за веќе деце ниското нетрпени и гнев на домашното население од организираното од владата населување на мигранти во Британија.
Полицијата верува дека немирите во градовите низ Велика Британија биле предизвикани од лажни гласини дека осомничениот бил муслимански барател на азил, што секако е манипулација за широката јавност и бегање од главната причина, а тоа е насобраниот гнев од неподносливиот живот во земјата.
Во текот на викендот, премиерот Сер Кир Стармер ги осуди немирите како „екстремно десничарско насилство“, што не е точно и синоќа вети дека ќе работи на законодавството за справување со насилството. Со стандардниот метод на лепење етикети на протестантите, во случајот „екстремно десничарско насилство“ ништо не се постигнува освен поголем гнев и револт, а веќе и довербата во медиумите и политичарите е толку падната во Британија и англосаксонскиот свет на влијание што овие флоскули и празни зборови надвор од суштината не влијаат на никого и никаде.
И покрај неговите апели, насилството се прошири и во Плимут. Полицијата на Девон и Корнвол соопшти дека полицајци биле распоредени во областа Гилдхол вчера за да се справат со протестите и контрапротестите на екстремната десница.
Во Бирмингем синоќа имаше немири откако стотици луѓе се собраа во областа Бордесли Грин по лажните извештаи дека таму е планиран марш. Контрадемонстрантите вееја палестински знамиња и скандираа. Група млади момчиња подоцна се отцепиле од собирот и нападнале неколку возила и демолирале еден паб.
Предлог на на нашата редакција е Македонија под итно да испрати олеснувачи во Лондон, како наши стратешки партнери, и со искуствата од минатото да им наметнеме рамка за вметнување на мигрантите во извршната власт во Британија и така да дојдат до решение на веќе загрижувачките случувањ во таа земја кој може да доведат и до граѓанска војна, во која доколку се случи исто така можеме да им помогнеме со нашите искуства од 2001 година.