Свет

Грците гневни поради пожарите, Мицотакис се извини

Гневот во Грција поради владиниот одговор на шумските пожари се зголемува што го натера премиерот Киријакос Мицотакис јавно да се извини. Противпожарните служби се пожалија дека немаат доволно средства.

Кога пламените јазици пред неколку дена го зафатија домот на Стелиос Кокинелис во предградие северно од Атина, а службите за итни случаи не одговорија на неговите повици за помош, тој реши да ја игнорира наредбата за евакуација и да ги преземе работите во свои раце.

„Се криев за да не ме најдат. Се преместив на другата страна од мојата куќа и почнав да се борам со огнот со сопствена вода, во спротивно ќе изгореше“, изјави 82-годишниот старец, кој ја изградил својата трикатна куќа во пошумената област Варимпомпи кога се вратил дома по 25 години работа во Јужна Африка.

Загинат пожарникар и уништени илјадници хектари шуми од пожарите во Грција

Неговата ќерка Ирини се расплака додека раскажуваше како побегнала без да знае што се случило со нејзиниот татко или дали домот што таа и нејзино

„Ако татко ми не останеше, нашата куќа ќе изгореше. Противпожарната служба ја немаше никаде. За среќа имаше доброволци. Чувствувам гнев, ништо друго“, вели таа.

Фотографиите споделени на социјалните мрежи од исцрпени пожарникари како спијат на земја, облечени во зачадени униформи што ги носеа за да се борат со пламените јазици, го покажаа притисокот под кој се наоѓаат итните служби.

Речиси 1.000 пожарникари, девет авиони и 200 возила се испратени во Грција од други европски земји за да помогнат во борбата со разорните пожари во близина на Атина и на други места.

Илјадници луѓе евакуирани во од Атина поради пожарите

Но, како што пристигнаа засилувањата, некои Грци почнаа да се прашуваат зошто им е потребна помош на локалните противпожарни служби.

Телевизиските извештаи и социјалните медиуми прикажуваат лути коментари поради немањето доволно пожарникари за да се справат со пожарите.

Најчесто коментарите беа со нагласени забелешки за несразмерно големиот број полицајци.

превземено од: радио слободна европа

Тагови

Поврзани вести