Свет
Група планинари се качува на вулкан насред ерупција
Група планинари се искачувала кон вулканот Ебеко, за време на неговата ерупција, а се за добијат подобар поглед на оваа неверојатна природна појава.
Вулканот Ебеко, кој се наоѓа на северниот дел на островот Парамушир, е висок 1.156 метри, но тоа не ги спречило овие авантуристи да се пуштат во предизвикот, пишува “Sputnik”.
Руските планинари ја занемариле својата лична безбедност, па решиле да се искачат на вулканот кој секојдневно испушта пепел.
Групата планинари се искачила кон врвот и покрај тоа што кратерот испуштал огромен сив облак од прашина во воздухот.
Според податоците регистрирано е дека таа недела столбот на пепелта достигнал четири километри висина, а облакот од чад ветерот го носел дури 68 километри југоисточно од кратерот.
Видеото кое планинарите го снимиле на 27. септември оваа година покажува огромен облак црн чад кој се издигнува и се шири над кратерот на вулканот Ебеко, правејќи масивен црн ѕид на небото.
За среќа, како што се гледа на снимката, вулканот не исфрлал лава, туку само чад и пепел.