Економија

Граѓаните сѐ повеќе користат дигиталните плаќања со што несвесно овозможуваат енорми заработки на Баките на сопствена штета

Дигитализацијата предизвикува постојана промена во навиките на граѓаните при извршувањето на плаќањата, па тие сѐ почесто ги користат лошите канали на плаќањата, за што говорат и податоците за 2023 година, коишто Народната банка редовно ги обработува и ги објавува.

Банките со енормно високи профити во 2023 година,

Најголем дел од нив се должат на се позасилениот притисок за користење на платежни картички преку кои банките со земање на високи проценти од секоја трансакција најчесто од продавачот прават енормни заработки кои на крај ги плаќаат граѓаните!

Еве и доказ за тоа од НБРМ:

“Во 2023 и 2024 година се зголемува употребата на платежните картички од страна на граѓаните за извршување на плаќањата во трговијата во земјата, што се согледува преку засилениот годишен раст на бројот и вредноста на плаќањата, за 18% и 17%, соодветно. Бројот и вредноста на плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери (т.н. платни налози) забележуваат годишен раст од 5% и 12%, соодветно. Иако плаќањата со кредитни трансфери сѐ уште најмногу се вршат на шалтерите на банките (71%), податоците за изминатата година ја потврдуваат и сѐ почестата употреба на дигиталните канали, со годишен раст од 16% кај бројот и 19% кај вредноста на плаќањата иницирани електронски. Притоа, граѓаните сѐ почесто ги употребуваат мобилните апликации за извршување на плаќањата коишто забележаа раст од 22% кај бројот и 30% кај вредноста”, со што им овозможуваат огромни профити на банките кај кои сме со закон обврзани да ги користиме нивните т.н. услуги.

Инаку како небулоза, истото се промовира како модерно и современо и како придобивка!

 

 

Тагови

Поврзани вести