Свет
Град со големина на тениски топчиња го погоди Сиднеј
Вистинска природна непогода го погоди австралискиот град Сиднеј.
Град со големина на тениски топчиња ги вознемири жителите на Сиднеј, а сè уште траат точните проценки за настанатите штети, кои се проценуваат со милиони австралиски долари.
Голем број автомобили и инфраструктурни објекти беа оштетени, а граѓаните изненадени од оваа појава која не се случува често во Австралија.