Македонија
Град Скопје денес ги поскапува билетите за ЗОО-паркот?!!!
Причината нејасна, се оправдува со небулозата "Сегде е така"
Точка на дневен ред на денешната седница на Град Скопје е поскапувањето на билетот во скопскиот ЗОО-парк од 50 на 80 денари.
Влезот за деца до три години според дневниот ред треба да остане бесплатен. Доколку биде усвоена како одлука на Град Скопје, тогаш новите цени за Зоолошката градина треба да стапат во сила на почетокот на јуни.
Летоска дополнително ќе се доплаќа влезот во паркот на диносауруси, кој ќе чини 50 денари, и во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни и посетителите таму ќе треба да платат плус 20 денари.
Лани скопската ЗОО го сруши рекордот по продадени билети со над 9.500 купени влезници во еден ден. така да приходот е зголемен и причината за поскапување е нејасна.