Македонија
Градски парк целосно ќе се затвори за автомобили
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска дала налог за целосно затворање на Градски парк за автомобили откако автомобил „пежо” со скопски таблички пропаднал во едно од езерцата во Градскиот парк. Повредени нема.
За таа цел, ќе се постават заштитни столпчиња и рампи што биле искршени, а потоа и отстранети изминативе години. Ќе се воведе и дополнителна редарска служба за заштита на зеленилото и реквизитите во паркот.
Фотографијата со пропаднатиот автомобил беше објавен на фејсбук групата „Ние сме од Скопје”.