Македонија
Градоначалникот на Центар ги обвинува граѓаните со смешни лични видувања наместо да понуди решенија
Од општината излегоа со обвинување кон жителите дека "полесно им е да ги паркираат возилата на улица, иако некои од нив имаат гаражи" што е апсолутно неточен податок и манипулација.
Жителите на Центар сè уште се жалат на проблемот со узурпирањето на тротоарите и нерешениот проблем со паркирање, кое е особено изразен во централното градско јадро. Велат дека иако становите и куќите имаат гаражи, тие не се користат. Некои не ги користат поради тоа што едноставно ги мрзи да ги остават во гаражите, па паркираат на улиците и ги узурпираат тротоарите, а со тоа ги доведуваат во опасност пешаците и велосипедистите. Додека други, упатуваат на сериозен проблем дека не се во можност да ги користат гаражите, велат од општина Центар
Апсурдната невистина дека некој се пожалил и дека има каде да паркираат граѓаните е неточна и очигледно видлива. Општината наместо решенија со изградба на нови бесплатни паркинг простори се обидува да спинува и да ги обвинува граѓаните, а истата има узурпирано улици и тротоари во корист на општинската паркинг служба ПОЦ Центар преку која остваруваат невиден профит со едноставно обележување на паркинг место и поставување табла. Овој терор кои е организиран од општинските власти со години наназат ги измачува центарци, а општината со години не нуди решение а камоли да превземе нешто, единствена грижа е профитот на ПОЦ.
– Сите станови и куќи имаат гаражи. Треба да ги користат, но општината не ни дава – децидна е Мартина Мартиновска, која го изложи нивниот проблем што се провлекува повеќе од 15 години.
Оваа изјава е уште една потврда за директно обвинување на граѓаните за неработењето на општинските власти и непревземањето ништо на тој план во изминатите 15 години.
– Градоначалникот Горан Герасимовски имаше неформална средба со жителите од Дебар Мало на која се потруди да обвини граѓани дека имале гаражи (??) во кои не паркирале и дека имале по неколку возила што е крајно несериозно и е изјава која може да ја даде само лице со ниски интелектуални способности.
Од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ) одговорија дека континуирано преземаат мерки за решавање на проблемите со паркирањето, како што се: воведување на нови паркиралишта, стимулирање на користење на алтернативен превоз, секојдневно санкционирање на неправилното користење на резидентните зони, како и отстранување на непрописно паркирани возила на цела територија на општината, со што се потврдува нивната единствена грижа за профит!