Свет

Градовите во САД сами се изборуваат за возила со почист издув

Калифорнија повторно има решение за излез од еко-кризата што ја поттикнува Трамп и се бори за возила со почист издув

Историски, Калифорнија отсекогаш била понапредна од останатите сојузни држави во ограничувањето на штетните влијанија од возилата. Така беше уште во доцните 1960-ти, така ќе биде и сега. Повеќе градови и сојузни американски држави ќе ги применуваат стандардите што ги има донесено Калифорнија.

Тринаесет сојузни држави досега, заедно со Колумбија, ги усвоија калифорниските закони за ниска емисија. Десет од нив ги усвоија и законите за возила со нулта емисија на штетни материи. Гувернери од 16 држави и Порторико, коишто се противат на укинувањето на претходниот план, се здружија во Климатска Алијанса на САД. Со цел да ја намалат емисијата на стакленички гасви, тие ќе постапуваат според Париската Конвенција.

Мапа во висока резолуција со градовите и сојузните американски држави што ќе почитуваат сопствени стандарди за заштита на животната средина од издувот од сообраќајот

Америакнски градови воведуваат построги закони за возила со почист издув

Дополнително, Калифорнија и 16 држави, заедно со Колумбија, поднесоа тужба против администрацијата на Трамп. Повеќе држави најавија дека ќе се придружат во спротивставувањето на плановите за укинување на строгите еко-стандарди. Најголемиот удар ќе биде од преку 400-те градоначалници, кои ги осудија владините намери.

Тринаесетте држави кои ќе се придржуваат до стандардите за возила со ниска емисија учествуваат со 35% во вкупната продажба на возила во САД. Кога на тоа ќе се придружат и иницијативите на градските власти, ќе се покријат 55% од продажбата на возила на американскиот пазар.

За забавеното темпо на намалување на потрошувачката на гориво во САД придонесува и масовната распространетост на пикапи, кросовери и големи спортски теренци

Покрај тоа, тужбите од гувернерите и градоначалниците ќе доведат до повеќегодишно блокирање на судската процедура. Поставувањето на бизнис интересите над заштитата на населението од штетните гасови повеќе не функционира. Тоа се однесува и на САД, и на сите еколошки освестени средини и региони низ целиот свет. Калифорнија, конкретно, планира да ги укине возилата со мотори со внатрешно согорување по 2040 година. Паралелно се воведуваат нови даноци и такси, исто како и ограничувања за регистрирањето нови возила со слаб квалитет на издувни гасови.

Принципот на „кој сака да загадува, нека плати“ веќе се применува во Франција, Шведска и Норвешка, кадешто регистрирањето на возила со слаб квалитет на издувни гасови чини неколкупати повеќе отколку за електричните и плагин-хибридните возила.

Тагови

Поврзани вести