Македонија
Градежната прашина труе: Не се дише, ама не престанува да се гради
Голем дел од загадувањето во Скопје е од градежна прашина. Екологистите велат дека градежното загадување е три до четири пати поголемо отколку во развиените земји. Скопје сепак изгледа како градилиште.
Додека официјално се објавени податоци дека градежните активности емитираат една петина од вкупното количество загадувачи во воздухот во урбаните средини во земјава, општинските власти засега не излегуваат со мерки со кои ќе се намали загадувањето од градежниот сектор.
Скоро 19 илјади одобренија за градење се издадени на ниво на цела Македонија во период од седум години: над 13 илјади одобренија за висока градба, над две илјади за ниска градба.