Свет

Голем пожар во Либан само по неколку дена откако остана без електрична енергија!

Голем пожар изби во резервоар за чување гориво на југот на Либан. Либанската војска спроведува итна евакуација на населението, а пожарникарите интензивно работат на гасењето.

Судијата Рахиф Тамадан веќе отвори истрага за околностите на пожарот, наведува агенцијата ННА.

Пожарот е најновата катастрофа која го погоди Либан, каде недостигот од гориво среде тешката економска криза ги примора двете најголеми електроцентрали во земјата во саботата да прекинат со работа, што доведе до целосна блокада на електроенергетската мрежа.

Инаку во пристаништето на главниот град на Либан, Бејрут пред повеќе од една година се случи и страшна експлозија во која имаше и жртви, редоследот на несреќите во последно време предизвикува сомнеж и неверузање дека се работи за случајни неповрзани настани кои инаку длабоко влијаат врз состојбата на оваа стреатешко важна земја на брегот на средоземјето со претходна историја на долгогодишни немири.

 

Тагови

Поврзани вести