Свет
Силно невреме ја зафати Хрватска
Делови на Хрватска зафатени од силно невреме поради што беше прогласен црвен метеоаларм за целото јадранско крајбрежје.
Во поширокото подрачје на Сплит дуваше силен јужен ветер, на моменти и со јачина од 108 км на час.
Силниот јужен ветер предизвикува големи нарушувања во морскиот сообраќај, а слабиот воздушен притисок ги поттикнува циклонските приливи.
На поедини локации на полуостровот Истра и на островот Црес се измерени и до 90 литри вода на квадратен метар.