Свет
Големо мнозинство ја поддржа забраната за употреба на пластика за еднократна употреба во земјите на ЕУ
Европскиот парламент со големо мнозинство ја поддржа забраната за употреба на пластика за еднократна употреба ширум земјите членка на ЕУ, како што се пластичен прибор за јадење, тањири, стапчиња за уши, пластични стапчиња за балони, сламки за пиење. Со овој предлог закон се предвидува и смалување на употребата на пластина мабалажа за пакување храна и пластични садови за пијалок.
Европската комисија предложи забрана за такви предмети, за кои се вели дека се одговорни за 70 отсто од отпадот во океаните и плажите.
„Денес сме еден чекор поблиску до елиминирање на најпроблематичните пластични производи за еднократна употреба во Европа“, рече комесарот за животна средина на ЕУ, Кармену Вела.
Европскиот парламент во Стразбур, Франција, гласаше за забраната за пластика за еднократна употреба со 571 глас за, 53 против и 34 воздржани. ЕУ се надева дека законот ќе стапи на сила во 2021 , а за тоа да се случи предлог законот треба да биде одобрен во преговорите во кои учествуваат земјите-членки, парламентот и комисијата.