Вести

Големи поплави во Австралија, аларм за евакуација!

Австралиските власти издадоа предупредувања за евакуација на одредени градови во државата Нов Јужен Велс поради силно невреме и обилни поплави.

Откако реката Твид се излеа од своите корита, на локалното население кое живее покрај неа им е наредено да се евакуираат.

Дистрибуцијата на електрична енергија, интернетот и други комунални услуги исто така отежнато функционираат.

Метеоролозите велат дека количината на дожд што паднала е слична на количината на циклон – околу 1000 мм за четири дена.

Службите за итни случаи ги повикаа луѓето да останат во своите домови и да избегнуваат возење низ надојдените води.

Тагови

Поврзани вести