Вести

“Големиот брат” на Орвел станува реалност и во Скопје под името „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека се очекува наскоро да биде завршена финансиската конструкција за новиот систем „Безбеден град“ (Safe city), додавајќи дека постоечкиот не може да контролира сообраќај, а идејата е да се направи систем којшто покрај за јавната безбедноста, ќе се користи и за контрола на сообраќајот.

– Во однос на „Безбеден град“ ја правиме финансиската конструкција која не е мала. Јас очекувам дека наскоро ќе ја заокружиме таа финансиска конструкција и ќе го започнеме процесот. Ќе барам секако поддршка и од вас медиумите и од граѓаните во однос на реализацијата на овој проект, бидејќи ќе биде многу важен, бидејќи ќе го исклучиме човечкиот фактор, нема да имаме селективност во ниту еден случај, ќе биде транспарентно и јас се надевам дека тоа многу ќе помогне во подигањето на јавната свест за сообраќајната култура, генерално кај граѓаните на Македонија, нагласи Спасовски.

Тој посочи дека за проектот се потребни поголеми финансиски средства, за кои очекува дека ќе бидат обезбедени и додаде дека постојат неколку модели кои ги разгледуваат.

Наместо сметување во институции на несовесните учесници во сообраќајот кои на сите ни се познати и подигање на нивото на култура и свесност кај луѓето, министерот најавува контрола над останатите во тоа име што само по себе е апсурд кои веќе се користи во светот.

1984 е роман на Џорџ Орвел кој прецизно ја опишува реалноста во која денес се најде човештвото.

Терминот „Големиот Брат”, кој се користи во истоимениот реален серијал, „Големиот брат”, е произлезен од романот „1984.”, на Џорџ Орвел, објавен во 1949 година. Овој футуристички роман е, во принцип, политичка сатира, која говори за тоталитарна држава на чело со монарх наречен, „Големиот брат”. Значењето на романот е дека владата го држи светот постојано под будно око, контролирајќи го неговото однесување и одземајќи му го правото на приватност. „Големиот брат” е симбол на семоќниот владетел кој го следи секој во секое доба преку телеекрани поставени во секое место, па дури и во тоалетите…

 

Тагови

Поврзани вести