Вести

ГЛОБАЛНА ЕПИДЕМИЈА: Од корона вирусот во Кина умреа 80 луѓе, а заболени има во Европа, Австралија и САД

Дваесет и девет случаи на инфекција надвор од Кина се распространети во десетина држави. Меѓу другите, има 5 во САД, четири во Австралија, Сингапур и Малезија и три во Франција, Јапонија и Јужна Кореја.

„Способноста за ширење на вирусот расте посилно“, изјавија високи официјални претставници во неделата, иако корона вирусот „не е посилен од САРС“.

Претседателот Xi Jinping призна дека ситуацијата е тешка, предупредувајќи дека забрзува ширењето на корона вирусот.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебриезус, најави дека ќе отпатува за Кина за да разговара со властите за начините за спречување на епидемијата.

„Јас сум на пат за Пекинг да разговарам со владата и здравствените експерти за начините за реагирање на корона вирусот“, напиша на твитер.

WHO во четвртокот објави дека е премногу рано да се прогласи меѓународен итен случај.

Во меѓувреме, кинескиот премиер Ли Кекианг дојде во посета на Вухан за да ги „води“ напорите на властите, но и „да се сретне со пациенти и медицински персонал на првите редови на епидемијата“, објави владата.

За прв пат по започнувањето на ширење на виросот, градот беше посетен од кинески висок функционер. Ли е на чело на водечка работна група, чија задача е да ја надгледува борбата против епидемијата.

ДПА јави дека стотици кинески лекари се испратени во Вухан. Болниците таму се преполни со пациенти, а стотици чекаат во ред.

Вухан и неговиот регион се ставени во карантин од четвртокот за да се спречи понатамошно ширење на болеста. Вкупно околу 56 милиони луѓе се отсечени од светот.

Франција, САД и Јапонија се подготвуваат да ги евакуираат своите државјани од зоната на карантинот.

Соединетите држави, каде се потврдени пет случаи, најавија дека организираат заминување на нивниот дипломатски персонал и граѓаните блокирани во Вухан, и се надеваат дека ќе можат да полетуваат во вторник.

Другите земји исто така се во комуникација со Пекинг за да ги евакуираат своите граѓани.

Јапонија планира да пренесе стотици свои граѓани и најверојатно ќе испрати чартер авион до Вухан уште во вторник, што треба да ги пренесе јапонските граѓани кои сакаат да се вратат во земјата.

И покрај сите алармантни вести, прелиминарните анализи покажуваат дека стапката на смртност од вирусот е многу ниска.

Специјалист за инфективни болести Ги Јиен на Универзитетот во Вухан вели дека бројот на заразени лица би можел да достигне врв на 8 февруари, а потоа да започне да ослабува.

Тагови

Поврзани вести