Економија
Германските производители на автомобили го прекинуваат производството
Германските производители во автомобилската индустрија се принудени да го стопираат своето производство. Ова ќе има директни последици и на компаниите производители од автомобилската индустријата во Македонија.
Очигледната причина за стопирање на работата се воведените санкции и контрасанкции со што индустријата во Германија е доведена до работ да не може да ги обезбеди потребните енергенси за продолжување со работа. Овој изнуден под притисок политички потег ќе донесе големи штети на сопствената економијата во земјата но истите ќе се рефлектираат и во Европа и Светот поради моќта на германската индустрија.
Можната пренамена на автомобилските фабрики за производство на друга опрема потребна за воената индустрија е веќе позната и практикувана низ историјата и се надеваме дека нема да дојде до тоа. Изговорите кои доаѓаа во последните години за недостаток на чипови за производство на автомобили кои се во најмала рака недолични и смешни за коментирање фрлаат сомнеж за вистината и вистинските причини за тоа што се случува во Германија?