Свет

Германија во новата година воведува два нови даноци за полнење на буџетот, а се правда со екологија

Од 2024 година, потрошувачите во Германија може да очекуваат повисоки цени на горивото и гасот. Германските медиуми јавуваат дека граѓаните ќе мора да плаќаат повисоки цени поради зголемувањето на даноците. Оправдувањата за полнење на буџетот се префрлаат врз екологија и заштита на животната средина, а без никаков ефект или проект за подобрување на животниот стандар само со чисти флоскули и празни зборови.

Дали екологијата стана средство и оправдание за полнење на буџетите?

Поради буџетот за 2024 година, конфликт имаше и меѓу канцеларот Олаф Шолц, вицеканцеларот Роберт Хабек и министерот за финансии Кристијан Линднер. Сепак, на последниот состанок триото ги решило своите несогласувања, а во јавноста биле објавени плановите за бројни кратења и заштеди, пренесува магазинот „Феникс“.

Заклучокот е дека недоразбирањата ги решиле со мерки кои директно ќе ги оштетат граѓаните со нови давачки, какво извонредно решение!?

Шолц изјави дека штедењето е неопходно.

Даноците на емисиите на C02 значително се зголемуваат

Најважната последица од новите планови на владата: Полнењето гориво и парното значително ќе поскапат за сите граѓани! Од 2024 година данокот на CO2 ќе порасне многу повеќе од планираното (од сегашните 35 евра за тон на 45 евра). Догодина уште 10 евра повеќе, значи вкупно 55 евра за тон, пренесуваат германските медиуми.

Што значи ова за потрошувачите? Повисоките цени на CO2 значат поскапо секојдневие. На пример, поради зголемените трошоци за превоз, авионскиот сообраќај значително ќе поскапи!

Поскапува секојдневниот живот

Но, електричните автомобили се исто така погодени од мерките за намалување на трошоците: Кофинансирањето за купување електрични автомобили завршува порано од планираното.

„Како и да е, мерката истекува, тоа ќе го направиме порано“, рече Хабек.

Поради буџетската криза, владата ги скратува и проектите за заштита на климата и трансформација во вредност од 45 милијарди евра до 2027 година.

Тагови

Поврзани вести