Свет

„Гардијан“: Што го предизвикува жешкиот бран од Алжир до Арктикот

Северната хемисфера трпи превисоки температури, а климатские промени не се единствена причина, објави Гардијан.

Мината недела властите од Шведска невообичаено побараа меѓународна помош за спречување на пожари кои избија ширум таа држава. По повеќе месеци без дожд со високи температури што траеја со недели, шумите во целата држава се претворија во искри, објави Гардијан.

Резултатите се застрашувачки – голем број шумски пожари, а до минатата недела повеќе од 50 шуми беа во пламен од кои многу во арктичкиот појас.

Според весникот, на северниот дел од планетата топлотните бранови станаа вообичаена појава предизвикувајќи десетици смртни случаи, пожари и суша.
Ширум северната хемисфера во Северна Америка, на Артикот, Северна Европа и Африка регистрирани се рекордно високи температури.

Метеролошката станица во Алжир во Сахара регистрира температура од 51,3 степен Целзиусови што е највисока во историјата на Африка.

Во Јапонија каде температурите се над 40 степени властите повикаа на внимателност откако бројот на починати поради високите температури ја надмина цифрата од 30. Неколку илјади луѓе се хоспитализирани.

Во Калифорнија е зголемена потребата на клима уреди до тој степен што се случи недостиг од електрична енергија.

Меѓутоа можеби најголемото влијание од интензивните жештини оваа година може да се почувствува во Канада каде температурите во Торонто 18 денови беа над 30 степени.

Научниците наведуваат дека оваа година на земјата се совпаднаа фактори што се толку моќни и ја надминуваат силата дури и на климатските промени.

Според локални медиуми, мртовечницата во Монтреал не може да се справи со бројот на тела на луѓе кои починале поради жештините, и поради тоа многу од нив мораат да бидат смесени во други делови.

Според главниот градски патолог Монтреал никогаш до сега немал сличен проблем.

Поради високите температури во Велика Британија се истопи кров на Научниот центар во Гразгов.

Моментниот топлотен бран стана глобален проблем, наведува Гардијан.

Сепак, и понатаму не е јасно зошто толку локации на северната полутопка се зафатени од такво време.

Голем број научници укажуваат на низа фактори поврзани за глобалното загревање, но други предупредуваат дека постои нешто поголемо.

– Изминатите недели измерени се екстремно високи температури. Сепак не треба да се преценуваат можностите на климатските промени бидејќи е јасно дека влијаат и други фактори – вели Ден Мичел од Универзитетот во Бристол.

Еден од тие фактори е струјно движење (jet stream), јадро на силни ветрови на осум до 11 километри над површината на земјата кои дуваат од запад кон исток и управуваат со временските прилики ширум светот. Понекогаш кога се интензивни тие ветрови носат бури, а кога се слаби носат мирни денови и тоа моментно се случува.

– Струjно движење е моментно многу слабо, а резултат на тоа е дека од подрачја со висок атмосферски притисок долго се задржуваат на исто место – вели Мичел.

Други фактори што создаваат метереолошки услови и кои предизвикале вакви жештини опфаќаат значајни промени на температурата на површината на морето во северен Атлантик.

– Ова е дел од феномен познат како Атлантска повеќедецениска осцилација. Всушност ситуацијата е слична како онаа од 1976 година кога имавме слични температураи на Атлантикот и непроменливо струење. И секако оваа година беше една со најмногу суша, најмногу сончеви денови и најтопло лето во Велика Британија во 20-от век – вели професор Адам Скејф од Канцеларијата за метеорологија.

– Сепак постои една клучна разлика меѓу оваа и 1976 година – наведува Тим Озборн, директор на Оддел за Климатско истражување од Универзитетот во Источна Англија.

– Основата врз која тие ефекти денес функционираат е драстично поинаква. Од 1976 година имавме повеќе децении глобално загревање, зголемени емисии на штетни гасови и тоа значајни ги зголеми глобалните температури – нагласи Озборн.

Резултатот дека секој феномен како ослабување на струењето ќе има поизразен ефект отколку пред 40 години. Научниците истакнуваат дека топлотните бранови ќе станат сė почести и се полоши како што расте емисијата на штетни гасови, а проблемот нема да се задржи само на копно.

– Имаме и морски топлотни бранови ширум светот. На пример, лани имаше морски топлотен бран што удираше во брегот на Австралија опустоши огромни делови од Големиот корален гребен. Тие појави стануват сė почести и поинтензивни како оние на копно – вели Мајкл Бороуз од Океанскиот Институт во Шкотска.

Тагови

Поврзани вести