Македонија

Времето денеска: По котлините и натаму магливо и постудено, на планините и Скијачките центри многу сонце и потопло

Ова попладне по котлините  и понатамну има магла  и ниска облачност, па така на овие места е и постудено, за разлика од планините  и Скијачките центри каде времето е претежно сончево и потопло.

Најниска температура од градовите до 13 часот е измерена во Велес  и во Демир Капија, и тоа 6 степени, а највисока во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 15 степени.
На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени попладнево до 13 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

Тагови

Поврзани вести