Македонија

Времето денеска: Облачно со сончеви периоди, утре дожд

Времето во Македонија наутро ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта наместа во западните делови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен до силен јужен ветер (наместа над 70 km/h). Минималните температури ќе се движат од 2 до 8, а максималните ќе достигнат од 10 до 18 Целзиусови степени.

Тагови

Поврзани вести