Клима

Временска прогноза: Студ и сонце

Времето денеска ќе биде, наутро студено, а преку денот сончево.

Наутро ќе биде студено, а преку денот сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје утрото студено со услови за слаба магла, а преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно, на почетокот на неделата со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. Во котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје утрото ќе биде студено со услови за слаба магла, а преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 7 степени.

Тагови

Поврзани вести