Клима
Студено со снег вели временската прогноза
Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи претежно од снег, особено во источната половина од државава, додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд

Ќе дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за сосема слабо проврнување на дожд и снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.