Македонија

Вредните раце на сестрите во Марков манастир со години произведуваат здрави еколошки производи

Четири сестри од Марков манастир каде што суштествува женско монашко сестринско со години произведуваат здрави производи кои поради начинот на кој се изработуваат го имаат предзнакот еколошки. Разни кремови за раце, природен мед, јаболков и вински оцет, ликери од вишни, козјо сирење, сапуни со ароми… сето тоа го произведуваат вредните раце на сестрите од Марков манастир.

За се она што се произведува во манастирот кој се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова река, во близина на Скопје разговаравме со сестра Илијана.

Сестринството од Марков манастир нашло начин како да ја искористи здравата животна средина во која е сместен манастирот. Чистиот воздух, се уште не загадената почва во неговата околина е добра подлога за производите кои тие ги одгледуваат.

Сестра Илијана се занимава и со иконопис. Таа за Екобаланс ја раскажува техниката која ја применува. Користи претежно еколошки бои.

Тагови

Поврзани вести