Македонија

Во јули 82,4 отсто од потрошената струја била од домашно производство, а е наплатена по увозни високи цени!

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2022 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесувала: 525 730 МWh електрична енергија, 12.592 мил. нм3 природен гас, 466 130 тони јаглен и 97 117 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 82.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98.3 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, пренесува канал 5.

Според оваа информација државата наплатила енормно високи цени за електрична енергија со оправдание “цените на светско ниво се енорнмно зголемени”, а според нив има минимален увоз што значи дека струјата е произведена во Македонија и е однапред наплатена од македонците преку данок и такси и со истите средства е овозможено да работат производствените капацитети за електрична енергија. Колку пари треба државата да врати владата на секој граѓанин?

 

Тагови

Поврзани вести