Свет
Во Јапонија се појавија риби што претскажуваат земјотреси и цунами
Во Јапонија се шири загриженост од појава на земјотрес и цунами , откако за неколку дена на површината испливаа огромни риби , кои живеат во длабоките мориња и за кои се верува дека претстакуваат природни катастрофи.
Во петокот на рибарските мрежи во регионот Тојама се фатени две риби појасовки , односно вкупно седум од почетокот на сезоната. Инаку , овие риби тешко се ловат зашто живеат на длабочина меѓу 200 и 2000 метри во морињата.
Се верува дека на површината испливуваат кога има потреси под морето. научниците тоа го оспоруваат , иако ваквото верување не доаѓа само од Јапонија , туку и на Филипините , во Мексико и Чиле, земји каде често има земјотреси.
Теоријата за нивното претстажување на природните катастрофи била потврдена 2001 во силниот земјотрес во Фукушима , кога во него и во цунамито загинаа 20 000 луѓе. Тогаш во близина на брегот се појавиле десетина појасовки за кус временски период пред катастрофата.