Свет
Во Шангај е отворен парк кој е изработен од рециклирани материјали
За изградба на паркот се употребени стари дрвени палети и скулптури во форма на дрво. Паркот го дизајнираа компаниите AIM Architecture и URBAN MATTERS.
Паркот Урбан блум е отворен за јавноста, и се наоѓа во близина на популарни ресторани, киосци и бутици. Рециклираните дрвени палети се искористени како модуларни блокови за да се направи место за седење и да биде привлечно за изглед. Инсталацијата постепено се искачува на едната страна и така наликува на ридски предел.
Наоколу во паркот се поставени растенија во саксии за да се добие лик на урбана градина. Топки наполнети со зеленило се поставени во форми на дрво. Дизајнерите користеле реупотребени материјали за да се промовира одржливоста на концептот.
Во градовите се создава многу отпад и ѓубре. Сакавме да покажеме дека е возможно да се направи нешто ново од речиси ништо, велат дизајнерите.