Свет

Во Турција усвоен закон со кој над 4 милиони кучиња скитници ќе бидат елиминирани

Турскиот парламент денеска усвои закон за отстранување на милиони кучиња скитници од улиците и нивно сместување во засолништа.

 

Турција има околу четири милиони кучиња скитници. Поддржувачите на законот ја наведоа загриженоста за напади на кучиња, сообраќајни несреќи и ширење на беснило.

Според новите правила, секое куче кое покажува агресивно однесување или има неизлечива болест ќе биде евтаназирано. Законот го поддржаа 275 пратеници, а 224 беа против.

Турција во моментов има 322 засолништа за животни со капацитет за околу 105 илјади кучиња, се наведува во законот.

Со него се бара од сите општини да издвојат најмалку 0,3 отсто од својот годишен буџет за програмата за рехабилитација на животните и за изградба или проширување на засолништата. Тоа ќе треба да го постигне до 2028 година.

Жителите на турските градови и населени места често самите се грижат за уличните животни, им градат импровизирани засолништа, ги хранат и им даваат вода. Едно истражување покажало дека помалку од 3 отсто од жителите поддржуваат евтаназија за кучињата, а речиси 80 отсто сакаат да ги сместат во засолништа.

Тагови

Поврзани вести