Вести
Во стомакот на кит пронајдени 40 килограми пластика!
Загадувањето и несовесноста на луѓето за жал почнува да дава резултати. 40 килограми на пластични ќеси се причина за смрт на кит кој бил пронајден на брегот на Манила.
Млад кит кој бил пронајден мртов на брегот на Филипини умрел од „гастричен шок“ откако проголтал 40 килограми пластични кеси. Тој бил пронајден од вработени во музејот „D’Bone Collector“ источно од Давао Сити на островот Минданао и тие се шокирале кога ја дознале бруталната причина за неговата смрт.
Во својот пост на Фејсбук, поморските биолози од музејот напишаа дека „досега не виделе толкаво количество пластика во телото на еден кит“.
„Беше одвратно. Не бевме подготвени за ова. Пронајдовме 40 килограми пластика, вклучувајќи 16 торби за ориз, четири торби какви што се користат на плантажи за банани, како и голем број пластични кеси од продавници. Ја почнавме класификацијата на пластиката и во наредните денови ќе ја објавиме комплетната листа“, изјави основачот и претседател на музејот, Дарел Блечли.
Музејот во последните десет години направил обдукција на голем број мртви китови и делфини и во 57 случаи причината за смртта била насобраните ѓубре и пластика во телото.