Македонија
Во Скопје се роди бебе лама со уникатни шари
На голема радост на редовните посетители на скопската зоолошка градина, нејзината јасли-група е сѐ побројна со малечки животни.
Имено, покрај трите бели лавчиња, бебето од двогрбата камила, двете патас мајмунчиња, бебето белорак гибон, валаби кенгурчето, меѓу другите, посетителите отсега ќе му се радуваат и на третото бебе кај ламите.
„Пролетно, имаме и трето бебе кај ламите, со уникатни шари. Добредојде мало момче“, велат од скопската зоолошка градина.
Оваа пролет, посетата на зоолошката градина ќе биде прекрасно искуство!