Македонија

Во план изградбата на ветерници во Миравци и фотоволтаична централа во Осломеј

Европската банка за обнова и развој, но и други банки, како Европската инвестициска банка, сакаат да учествуваат во финансирање на изградбата на ветерници во Миравци и фотоволтаична централа во Осломеј. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествуваше на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој кои се одржаа во Јордан.

– Во рамки на средбите зборувавме со различни меѓународни кредитори за проекти во обновливи извори на енергија, бидејќи приоритет на Владата е значајно зголемување на учеството на обновливите извори. Два значајни проекти за кои веќе имаме добиено позитивни сигнали од меѓународните инвестициски институции како ЕБОР и ЕИБ, дека сакаат да учествуваат во нивна реализација, се ветерната електрана Миравци и фотоволтаичната централа Осломеј. Веќе АД ЕЛЕМ работи на придвижување на работите и подготовка на документацијата.

– Придобивките се бројни и се однесуваат на економскиот раст, на привлекување приватни инвестиции, за отварање на нови работни места, но и секако за животната средина и за здравјето.

На панелот свое обраќање имаше и претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти.

 

 

Тагови

Поврзани вести