Свет
Во Осло ќе се гради „паметен град“ кој ќе функционира со зелена енергија
Oslo Airport City ќе нуди и разни спортски актвности за рекреација, ќе има јавен парк и во центарот на градот ќе бидат забранети возилата. Неговите жители ќе бидат оддалечени на само пет минути од јавниот превоз, ќе има голема зелена површина, а ќе работат повеќе од 40.000 луѓе. Се смета дека за изградбата ќе бидат потребни 30 години.Тоа ќе биде област за тестирање за градот кој ќе биде управуван од најсовремената зелена технологија со електрични автомобили без возачи и паметна технологија која ќе ја контролира мобилноста, отпадот и безбедноста
.
Аеродромот ќе се простира на 400 хектари, со обновливи извори на енергија во кој ќе се возат само електрични возила звучи. Аеродромот треба да почне да се гради идната година.
Целта на Градскиот аеродром на Осло е да биде првиот енергетски позитивен аеродром, односно одржлив град кој ќе има можност да ја продава вишокот енергија која ја произведуваат околните згради, заедници и градови.
Планот за новиот аеродром е во склад со политиката на Владата за зелена енергија.