Свет
Во Норвешка постои трезорот за семиња за „судниот ден“
Глобал Сид Волт (Global Seed Vault) е глобален трезор на семиња сместен на половина пат меѓу копнениот дел на Норвешка и Северниот пол. Трезорот е опремен со најсовремена опрема и е изграден за да ги заштити семињата од сите потенцијални природни или други катастрофи.

Овој најголем трезор на семиња во случај за „судниот ден“, кој се наоѓа длабоко внатре во планина на оддалечениот норвешки архипелаг Свалбард, се отвора само неколку пати годишно за да се сведе на минимум изложеноста на неговите банки со семиња на надворешниот свет.
Неодамна банките за семиња од Судан, Уганда, Нов Зеланд, Германија и Либан, ги депонираа своите семиња од просо и пченица во големиот трезор.
И Меѓународниот центар за земјоделски истражувања во сите подрачја (ICARDA), таму ќе депонира околу 8.000 примероци. ICARDA во 2012 година го премести своето седиште од Алеп во Бејрут поради војната во Сирија
Меѓународниот центр прв пат повлече семиња од трезорот во 2015 година за да ја замени збирката оштетена поради војната, а потоа уште два пати во 2017 и во 2019 година за да ги обнови сопствените збирки кои сега ги чува во Либан и во Мароко.
„Фактот што збирката семиња, која е уништена во текот на гражанската војна во Сирија, системски е обновувана, укажува на тоа дека овој трезор функционира како осигурување за актуелното и идното снабдување со храна“, изјави норвешката министерка за меѓународен развој, Ан Бет Твинереим.
Во трезорот моментно се складирани над 1,1 милион примероци на семиња кои потекнуваат од околу 6.000 билни врсти од 89 банки на семиња низ целиот свет. Камен темелникот на овој несекојдневен трезор е поставен во 2006 година.
Целта на овој трезор е да се зачуваат замрзнати зрна од сите примероци на семиња од сите светски збирки на посеви.
Архипелагот „Свалбард“ уште го нарекуваат и „суден ден“ бидејќи станува звор за едно од најважните места за зачувување на призводството на храна во случај на ботаничка катастрофа.
Во случај на било каква регионална или глобална катастрофа овој супермодерен објект би требало да гарантира дека глобалното производство на храна повторно ќе се придвижи.
Банката на семиња сместена 120 метри внатре ви планината на островот Спицберген поседува најсовремени сигурносни системи, а во трезорот се влегува низ тунел долг 100 метри ни врата која е единствен видлив дел на објектот од надвор.