Настани
Во Македонија нема интерес за летање кон Крф

Авиопревозникот „Еџиан ерлајнс“ најверојатно поради незаинтересираност ја запре продажбата на билети за планираната нова линија меѓу Скопје и Крф, која требаше да започне на почетокот на јуни со линијата Атина – Скопје – Крф – Скопје – Атина.
Летовите “требаше(?)” да се одржуваат двапати неделно во вторник и сабота, а кракот Скопје – Атина да се одвива во среда и недела наутро.
Поради незаинтересираност „Еџиан“ целосно ги откажа двата неделни лета и веќе нема да оперира меѓу Атина и Скопје во двата дена, намалувајќи ги вкупните фреквенции меѓу двата главни града од дневни на пет, на неделни, почнувајќи од 4 јуни.