Македонија
Во Македонија нема нови заболени од коронавирус
Тројца македонски државјани биле тестирани на короновирус на Клиниката за инфективни болести и нивните резултати се негативни, информираат од Министерството за здравство. Двајца од нив допатувале од Италија и еден од Шпанија. Според соопштението, тие биле тестирани по изјавата на министерот Венко Филипче кој истакна дека нема нови пациенти кои се тестираат за коронавирусот.
Филипче, кој заедно со премиерот Оливер Спасовски го посети граничниот премин Табановце порача и дека пациентката која има коронавирус се чувствува добро.