ВестиМакедонија

Во Македонија лани официјално биле увезени 2.215 тони неопасен отпад

Царинската управа денеска соопшти дека согласно нивните податоци компанијата „Блацион ДОО “ не се појавува како испраќач во увозна царинска постапка во земјава. Ваквото соопштение следува откако во соседна Бугарија се отвори истрага во која се инволвирани двајца македонски државјани поврзано со нелегален увоз на отпад во соседната земја.

Од таму информираат и дека во текот на изминатата година само една компанија користела гориво од отпад, а во текот на 2019 година вкупната количина на увезен отпад е 2.215 тони и не станувало збор опасен отпад.

Фирмата „Блацион ДОО“ стана актуелна во јавноста откако бугарските медиуми објавија дека актуелниот директор на скопската депонија „Дрисла“ Горан Ангелов бил содружник во компанијата „Блацион“ ООД во Бугарија и заедно соуште еден македонски државјанин Блаже Игнатов, извршиле нерегулиран увоз на 25 контејнери со отпад.

Во македонската јавност, пак, одамна се шират гласини дека во земјата се увезува опасен отпад кој се гори на депониите и дополнително го загадува воздухот. Од Царинската управа велат дека во соработка со Министерството за внатрешни работи преземаат активности во насока на истражување на увозот на отпад.

Тагови

Поврзани вести