Македонија

Во Куманово протести против загадениот воздух

Група граѓани, утревечер ќе протестираат поради загадениот воздух во Куманово, соопштија денеска организаторите, кои самоиницијативно преку социјалните мрежи се организираат на протест. – Заеднички да излеземе и да протестираме, да побараме одговорност и поактивна реакција од надлежните институции, да побараме да се најде загадувачот, да престане да нè труе, нас и нашите деца. Протестот е граѓански. Здравјето нема цена, заслужуваме чист воздух, се вели во соопштението испратено до медиумите.

Кумановци повеќе од дестина дена чуствуваат силна непријатна миризба на изгорена гума, пластика по 22.30 часот. Тие реагираа дека мирисот е неподнослив и дека не можат да проветрат простории, ниту пак да излегуваат надвор.

Државниот инспекторат за животна средина, како што објави неофицијално на својата ФБ страна, на 11 јуни изврши и вонреден увид. Тој е извршен по добиена претставка за, како што наведуваат од инспекторатот, за непријатна и раздразлива миризба на изгорена гума која ја пријавил дежурниот оперативен Центар на Царинската Управа на Македонија во 02:15 часот на 11 јуни. По пријавата, виш инспектор за животна средина-Канцеларија Скопје во 04:00 часот извршил вонреден увид на граничен премин Табановце при што е констатирано дека во моментот на увидот намален е интензитетот на непријатната миризба, но дека е присутен и поплаки има и од страна на царинските служби на Србија.

-Во раните утрински часови реализиран е телефонски разговор на лицата задолжени за меѓународна соработка на српскиот и македонскиот инспекторат за животна средина која е интензивна изминатава недела врз основа на воспоставена децениска меѓусебна соработка и информиран е ДИЖС дека од страна на општинската инспекција за животна средина во Прешево ќе биде извршена повторна вонредна викенд контрола во неколку инсталации кои работат и гравитираат кон пограничната линијата, по што ДИЖС ќе добие официјална информација. Договорено е официјален допис од страна на ДИЖС да биде проследен во понеделник 13.6, а официјално ќе биде запознаено МЖСПП, Министерството за надворешни работи, Царинската Управа, МВР и Општина Куманово, за и тие на ниво на соработка со соодветните институции од Р. Србија бидат во комуникација за брзо решавање на настанатата ситуација. Согласно законските надлежности, ДИЖС на територијата на Македонија, односно вршење инспекциски надзори во Општина Куманово кај правни субјекти во надлежност, има целосно постапено по истите, посочуваат од инспекторатот, пренесува Сител.

Претходно и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски објави дека загадувањето доаѓа од соседна Србија од инсталација во Прешево.

Тагови

Поврзани вести