Македонија
Во Кисела Вода се сечат дрва за да се гледа билборд

На Твитер објавено видео од Кисела Вода на кое се гледа како надлежните сечат младо дрво затоа што не можело да се гледа билбордот на кој е закачена фотографија од актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат.
Видеото поттикна многу реакции и коментари со осуда на постапката, но и прашања од скопјани вчудоневидени од глетката: „Скопје што ти направија овие?!“
Сечеле дрвја за да се гледал билбордот , абе вие не сте нормални 😡 pic.twitter.com/SRTofchj37
— 🍀𝖅𝖔𝖐𝖎 𝕻𝖔𝖐𝖎🍀這裡有很多白痴▬▬ιﺤﺤﺤﺤﺤι▬▬🏴☠▬ι══ﺤ (@Z0KIP0KI) October 7, 2021