Свет
Во Канада отсечени од светот се 18.000 луѓе
Канадските спасувачки служби сè уште се обидуваат да стигнат до 18.000 луѓе кои беа отсечени по поплавите и одроните кои уништија патишта, куќи и мостови во веројатно најстрашната природна катастрофа во историјата на земјата.

Повлекувањето на водите од поплавите помогна во спасувачките напори, но дождот во провинцијата Британска Колумбија го спречи пристапот до најголемото пристаниште во земјата во Ванкувер и ги наруши глобалните синџири на снабдување.
Прогласена е вонредна состојба, а премиерот рече дека бројот на загинати ќе се зголеми. Засега потврдена е една смрт досега.
Пристапот до многу градови во планинските области источно и североисточно од Ванкувер е ограничен, а граѓаните ги испразнија полиците за намирници во продавниците.
Министерот за подготвеност за вонредни состојби Бил Блер рече дека речните текови почнале да се намалуваат бидејќи дождот слабее, но ситуацијата и понатаму е критична.
Отава вети дека ќе испрати стотици членови на воздухопловните сили во Британска Колумбија, првите веќе пристигнаа, а илјадници се во подготвеност.
Министерката за одбрана Анита Ананд рече дека армијата ќе биде таму најмалку 30 дена.