Индискиот премиер воедно ги предупредил граѓаните дека мораат да останат во изолација или да ризикуваат да ја повикаат пандемијата во своите домови.
-За да се спаси Индија и секој Индиец , ќе постои целосна забрана за излегување од дома, изјавил Моди во телевизиското обраќање. Тој признал дека тринеделната блокада ќе биде голем удар за економијата на земјата , но смета дека алтернативата би можела да ја врати земјата со децении назад, пренесе Ројтерс.
Моди ветил дека со две милијарди долари ќе го зајакнува здравствениот систем . Тој денешната наредба ја нарекол „целосно затварање“ и не објавил дали некои вработени во услужните дејности ќе бидат исклучени од оваа забрана. Но, истакнал дека се преземени „сите чекори централната и државната влада да го осигурат снабдувањето со основни намирници“ .
Во Индија досега се регистрирани 469 позитивни на Ковид -19 и 10 смртни случаи.