Во Израел секоја година се регистрира птичји грип, но годинава угинале голем број жерави. Заразата со птичји грип е откриена во живинарски фарми во северен Израел и Министерството за земјоделство ја стопира продажбата на јајца од тие фарми. Ризикот од пренесување на птичји грип на луѓето е многу низок, но експертите од Израелската управа за природа и паркови потсетуваат дека вирусот Х5Н1 може да биде многу опасен ако се зарази човекот.