Живот

Во ЗОО Скопје се родија лавчиња после 20 години

Со доаѓањето на пролетта вчера, како и Светскиот ден на среќата, пристигнаа и убави вести од скопската Зоолошка градина. После повеќе од 20 години се родија лавчиња.

„Голема радост на сите вработени ни донесе мама Бела пред неколку дена кога на свет дојдоа три бебиња лавчиња. Мајката Бела која во Скопје дојде од Германија е постојано со нив и деноноќно се грижи за лавчињата. Таткото Чака пак потекнува од Франција, а жител на Скопје ЗОО е од 2020 година. Сите вработени се сложни дека ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошка градина Скопје и постојано внимаваме мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што моментално се под постојан надзор.

Посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште, а кога ќе го дознаеме и полот на трите лавчиња ќе може да учествуваат во давање на имиња на овие преубави бебиња“, велат од ЗОО.

 

А за сега ќе може да ги запознаеме преку одличните фотографии на Горан Анастасовски:

Тагови

Поврзани вести