Свет
Во Доха почнаа преговори меѓу САД, Израел и Катар за прекин на огнот во Појасот Газа

Во Доха започнаа преговорите меѓу САД, Израел и Катар за ослободување на заложниците и за постигнување на договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Ова е прва рунда разговори на високо ниво по повеќе од два месеци.
Американските власти интензивно работат на обновување на разговорите по убиството на еден од лидерите на Хамас, Јахја Синвар.
Египет предлага дводневен прекин на огнот за време на кој четирите израелски заложници ќе бидат ослободени, во замена за ослободување на неколку палестински затвореници и испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повторно повика на итен прекин на огнот, нагласувајќи дека израелските воени операции во северниот дел на Појасот Газа го прават животот на палестинското население неподнослив.
Претставници на Хамас пак вчера изјавија дека ќе претстават пред преговарачите сеопфатен договор за итен прекин на војната и повлекување на израелските трупи од Појасот Газа и размена на одреден број палестински затвореници за ослободување на сите израелски заложници одеднаш.