Свет

Во дваесет милионскиот Шангај регистрирани три смртни случаи од коронавирус и тоа постари лица со основни болести

Кинеските власти денеска пријавија три смртни случаи од Ковид-19 во Шангај, први откако беа воведени последните ограничувања кон крајот на март.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи се наведува дека починале тројца постари лица со основни болести, пишува АФП, пренесува Бета.

Во Шангај, 4.641 лице починале од коронавирус од почетокот на епидемијата.

Дневно се евидентираат десетици илјади нови случаи на инфекција.

Кинеските власти го заострија долгогодишниот пристап на Пекинг за нулта толеранција кон вирусот, ветувајќи дека ќе истраат со строги ограничувања на движењето и ќе го изолираат секој што е позитивен – дури и ако не покажува знаци на болест.

Доколку може да им веруваме на информациите кои доаѓаат дека заради ова е затворен цел дваесет милионски град, затварања какови што преживеавме и во Македонија ако не и поостри, навистина се поставува прашањето кому му служат овие мерки и што може да произлезе овој терор кои се врши во целиот свет.

Тагови

Поврзани вести